Дома Трансфер зона Јувентус го обновува преговорите за нов договор на Дибала

Јувентус го обновува преговорите за нов договор на Дибала

Преговорите за продолжување на договорот на Пауло Дибала со Јувентус ќе продолжат наредните денови, пренесува „Тутоспорт“.

Актуелниот договор на 27-годишниот Аргентинец истекува во јуни 2022 година, а „бјанконерите“ сакаат долгорочно да го задржат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двете страни подолго време преговараа и не можеа да најдат заеднички јазик околу финансиските детали, па преговорите се ставени во „мирување“.

Новиот тренер Масимилиано Алегри сака по секоја цена да го задржи Дибала во тимот и му порачал на раководството да го продолжи договорот со Аргентинецот.

Иако се шпекулираше дека Дибала може да биде продаден ова лето, сепак работите се променија бидејќи Алегри во него гледа важен играч во нападот.

Јувентус му предлага на Дибала договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, што е за 2,5 милиони повеќе од актуелната плата, а играчот бара уште поголемо зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона спремна да го продаде миленикот на навивачите?

Eкипата на Барселона наводно е подготвен да го продаде Роналдо Араухо. На Каталонците очај…