Јувентус е многу блиску до комплетирање на трансферот на талентот на Џенова, Николо Ровела, пренесуваат италијанските медиуми.
19-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите италијански таленти и со своите настапи оваа сезона ги привлече вниманието на сите големи италијански клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус беше најбрз, ги искористи добрите односи со Џенова и ја победи конкуренцијата. Медиумите тврдат дека двата клуба постигнале договор за трансфер тежок 10 милиони евра.
Откако ќе го комплетира трансферот, Јувентус ќе го истави Ровела на позајмица во Џенова до крајот на сезоната, а постои опција да остане и следната сезона.
Ровела важи за еден од најголемите италијански таленти и беше дел од сите младински репрезентации на „аѕурите“, а сега е дел во У-21 репрезентацијата.
‼️ TOUT EST CONFIRMÉ ‼️
— Sonde Ta Juve (@SondeTaJuve) December 30, 2020
Nicolo Rovella va renouveler avec son club le Genoa puis être vendu à la Juventus (contrat jusqu’en 2025). Dans la foulée la Juve va le rendre en prêt aux grifoni pour le reste de la saison. Excellent coup et affaire de jeunesse 🔥
(@NicoSchira) pic.twitter.com/7py3Fuhzzd