Очигледно е дека на крајот на сезоната ќе има големи промени во Јувентус, а раководството веќе започна да работи на новите засилувања.
Познатиот италијански новинар, Момблано, кој секогаш е добро информиран за трансферите во Јувентус тврди дека е договорен првиот летен трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец, Мануел Локатели.
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Неколку европски гиганти го следат Италијанецот, но медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.
Момблано тврди дека трансферот е веќе договорен и ќе биде официјализиран по завршувањето на сезоната.