Италијаните би можеле да се засилат со двајца фудбалери од Барселона.
Јувентус во текот на летото доведе неколку навистина одлични засилувања, а веќе во јануари во Торино би можеле да пристигнат уште некои засилувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конкуренцијата во Италија оваа година е посилна од минатите години во трката за титулата се, Наполи, Рома и Интер.
Управата на „старата дама“ е свесна за тоа и имаат намера да ја нападнат Лигата на шампионите, а на мета на клубот од Торино сега двоецот од Барса.
Имено, на листата желби на „бјанконерите“ се Серхио Роберто и Андре Гомеш, двата фудбалери кои не се во прв план кај Ернесто Валверде.
Договорот на Роберто со Барселона истекува летото 2019 година и има откупна клазула од 40 милиони евра.
Кога во прашање е Гомеш, јасно е дека за него нема место на „Ноу Камп“, Барса пред една година го доведе за околу 55 милиони евра, но Португалецот не ги исполни очекувањата