Италијанскиот шампион Јувентус се наоѓа во голема дилема, тврди денешното издание на „Тутоспорт“, весник близок до „старата дама“.
„Бјанконерите“ веќе ја почнаа потрагата по заменик за Алекс Сандро, кој се уште не го продолжил договорот со клубот. Бразилецот е трансфер цел на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, па за очекување е да го напушти Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тешките преговори помеѓу клубот и агентот за нов договор ќе го натераат Јувентус да го продаде Бразилецот, па веќе ја започна потрагата по негова замена.
Двете најголеми желби на „бјанконерите“ се Жорди Алба од Барселона и Марсело од Реал Мадрид.
Договорот на Жорди Алба со Барселона истекува во 2020 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот, а се уште нема најави за продолжување на соработката.
Од друга страна Марсело и минатото лето беше поврзуван со трансфер во Јувентус бидејќи сака повторно да игра заедно со својот голем пријател Кристиано Роналдо.
Juve, Alex Sandro in bilico: due top player per rimpiazzarlo https://t.co/oD9N8A5x5j #juventus
— Calcio News 24 (@CalcioNews24) October 18, 2018