Дома Македонски спорт Мак ракомет Јубилеј: Пред 20 години Кометал ја освои Европа – потсетете се на финалето и легендарната „Кометал шампионе“!

Јубилеј: Пред 20 години Кометал ја освои Европа – потсетете се на финалето и легендарната „Кометал шампионе“!

Пред 20 години на денешен ден Македонија за првпат доби европски шампион во ракомет, на тронот на Европа се искачи Кометал Ѓорче Петров.

Салата „Кале“ беше претесна тогаш да ги прими сите љубители на ракометот. Ракометарките на Кометал во финалето го победија Херц со 26:22 и донесоа огромна радост на сите вљубеници во спортот во нашата земја.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Треба да напомнеме дека успесите на Кометал немаше да бидат возможни без вложувањата на тогашниот претседател на клубот Трифун Костовски.

Подоцна беше снимен и документарен филм за овој успех на Кометал.

ФИНАЛЕТО ПРОТИВ ХЕРЦ

И НЕЗАБОРАВНАТА „КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…