Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ одново одличен, Денвер убедливо го победи Портланд и дојде на чекор од полуфинале (ВИДЕО)

Јокиќ одново одличен, Денвер убедливо го победи Портланд и дојде на чекор од полуфинале (ВИДЕО)

Торонто и Денвер стигнаа на чекор од пласман во следната фаза во НБА плејофот.

Денвер изминатата вечер на свој паркет го совлада Портланд со 124:98.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наџентси добро влегоа во натпреварот и водеа во текот на целата прва четвртина и на крајот на оваа четвртина имаа водство од 31:25.

Во втората четвртина Денвер продолжи со добрата игра и констатно ја зголемуваше својата предност и на полувреме замина со високи 65:47 во своја корист.

Продолжението не донесе никакви промени, па Денвер во третата се веќе го реши прашањето на победникот, на крајот од овој период имаа предност од 93:65 кое го одржуваше до крајот, а конечниот резултат гласеше 124:98.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа со дабл-дабл учинок од 25 поени и 19 скокови, додаде и шест асистенции, а Пол Милисап запиша 24 поени.

Кај Портланд Демијан Лилард беше најефикасен со 22 поени, додека најблиску до него беше Родни Худ со 14 поени. Денвер сега води со 3:2 во серијата и е на чекор од пласман во следната фаза.

https://www.youtube.com/watch?v=ndWKca1kbos

Торонто на сличен начин стигна до победа против Филаделфија со 125:89.

Првата четвртина донесе рамноправна борба и се заврши со 27:26 за Торонто, но во втората четвртина Рапторси направија голема разлика и на полувреме водеа со високи 64:63.

До крајот таа предност ја одржуваа и се заврши со резултат 125:89 за Рапторси кои исто така поведоа со 3:2 во серијата.

https://www.youtube.com/watch?v=FTRj0QZ8UVw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Неверојатно промашување на Лаутаро🎥

Интер има водство на полувремето против градскиот ривал Милан од 1:0 со голот на Ачерби, н…