Никола Јокиќ одново одигра одличен натпревар во дресот на Денвер, но не успеа да донесе победа за својот тим против Минесота (116-113).
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Натпреварот српскиот центарт го заврши со 26 поени, 13 асистенции и девет скока. Но, медиумите во САД пренесуваат дека на Јокиќ му се скратени два скока кои подоцна се препишани на неговите соиграчи.
Во првиот случај на Кристијан Браун, додека во вториот на Ерон Гордон, иако Јокиќ прв игра со топката по одбивањето од обрачот. Правилата велат дека скок се смета на кошаркарот кој веднаш по промашувањето ја прифаќа топката или ја одбива до својот соиграч, па според тоа и во двата случаи Јокиќ требаше да добие скок.