Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ брутален, но Денвер поразен 🎥

Јокиќ брутален, но Денвер поразен 🎥

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс во „Крипто Арената“ со резултат 119:108 во четвртиот натпревар од плејоф серијата.

Никој никогаш не се вратил од 3-0 во плеј-офот, но во Лејкерс веруваат дека тие можат да бидат првите. Сепак, ако се погледне целокупниот квалитет, тешко е да се поверува дека е можно чудо кога серијата ќе се врати во Колорадо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лејкерс беа во водство од првиот до последниот момент, само на почетокот Нагетс успеаа да израмнат, но не и да поведат. Најрасположен беше Леброн Џејмс, кој имаше 30 поени, но Ентони Дејвис одигра неверојатен натпревар со 25 поени, 23 скока и шест асистенции!

Нагетс уште еднаш ги предводеше Никола Јокиќ, кој имаше неколку потези кои го одземаат здивот. Натпреварот го заврши со 33 поени, 14 скока и 14 асистенции. Како видео игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Капело брутално искрен: Што освоил тој за да биде топ тренер? Го сметаат така затоа што Гвардиола го спонзорира…

Италијанецот Де Зерби кој го води Брајтон често во изминатиот период се вбројува помеѓу то…