Дома Трансфер зона Јовиќ се сели во Серија А

Јовиќ се сели во Серија А

Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сака да го донесе во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Од Милан сметаат дека Јовиќ е вистински напаѓач за тимот на Стефано Пиоли, па директорите Паоло Малдини и Фредерико Масара почнале преговори со менаџерот Фали Рамадани.

Јовиќ веќе подолго време е на радарот на Милан, а „Газета дело Спорт“ открива дека големи се шансите Србинот во јануари да се пресели на „Сан Сиро“.

Милан и Реал имаат одлични односи и „кралевите“ се спремни да ја прифатат понуда за позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…