Дома Фудбал Јовиќ го навлече гневот: Побегна од карантин и се врати во Белград

Јовиќ го навлече гневот: Побегна од карантин и се врати во Белград

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ го навлече гневот на себе во Шпанија и Србија откако избега од карантинот во Мадрид и се врати во Белград.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сите играчи на Реал се во самоизолација, а Јовиќ за да присуствува на роденденот на своајта девојка, ја прекишил наредбата од клубот и се вратил во Белград.

„Дечко, сакаш сите да не убиеш“, пишува српски „Курир“, информирајќи дека голгетерот на Реал посетил бројни белградски ресторани и кафулиња за време на краткиот престој во татковината.

Овие информации, сепак, треба да бидат преземени со претпазливост, затоа што не е јасно како напаѓачот воопшто можеше да стигне до Белград, со оглед дека Шпанија го суспендираше меѓународниот воздушен и копнен сообраќај заради вирус што ја мачи планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР-системот го одреди шампионот на Англија?! (Видео)

Во лондонското дерби, Вест Хем бараше бодови за спас, а Арсенал за титулата. На крајот, ти…