Oткако заврши групната во Лигата на шампионите се собираат впечатоците од првиот дел од најелитното европско натпреварување.
Ако нешто не недостасуваше сезонава во групите, тоа беа головите – ги имаше најмногу во историјата во оваа фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубовите кои играа во групната фаза постигнаа вкупно 308 голови и тоа е нов рекорд. Претходно рекордот беше од сезоната 2017/2018 кога во оваа фаза видовме 306 гола.
Најголем придонес за рекордот даде Баерн Минхен кој беше најефикасен и во шестте победи постигна 24 голови. Баерн го има и најдобриот стрелец во досегашниот дел од натпреварување, Роберт Левандовски постигна 10 гола. Интересно е што Баерн за првпат во својата историја има максимален број на победи во груоната фаза.
Најмногу голови се постигнуваа од 76. до 90. минута (62).
Треба да се истакне и дека за прв пат се случува сите екипи кои поминале во топ 16 да доаѓаат само од најсилните пет првенства во Европа. (Германија, Франција, Италија, Англија, Шпанија).