Според инфрмациите од Италија, Алгери одлучи да се реши од тројца свои играчи. Мехди Бенатиа поради судир со тренерот кој се криеше во финишот на сезоната ќе мора да го напушти клубот.
Тој чека понуда од Марсеј, а иако одигра фантастична сезона, Јувентус ќе го продаде, а сето тоа потсетува на ситуацијата со Бонучи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кандидати за замена има многу, веќе пристигна Калдара, Јувентус не крие дека сака да ги искористи маките на Милан и да дојде до Ромањоли, а со Рајоло преговара околу Де Лихт.
За Маркисио исто така нема повеќе место, легендата ќе мора да го напушти кллубот во кој се прослави, се споменува дека Сари би го однел во Челзи, но поголема е веројатноста за заминување во МЛС.
И на крајот Стурато, кој доби шанси, но ниту еден момент не покажа квалитет за нешто повеќе од пополнување на празнина, него го сака некогашниот клуб Џенова, но и Њукасл. Јувентус ќе го продаде, а покрај веќе купениот Џан, се најавува нови пристигнувања во редот за врска.
Јувентус го сака Пелегрини од Рома кој има клаузула од 25 милиони, но и натаму се споменува враќање на Погба, како и желба да се проба да се донесе Матео Ковачиќ.
Што се однесува до остатокот, Алегри разговарал со Манџукиќ, му ветил дека ќе игра во шпицот, а не по крилата како во изминатите 18 месеци.
Јувентус не сака да се откаже од Хрватот, кој не сака да замине во Кина, но го сака и Манчестер Јунајтед.