Дома Останати Кошарка НБА Јанис го доби дуелот со Дончиќ, петти триумф во низа за Лејкерси 🎥

Јанис го доби дуелот со Дончиќ, петти триумф во низа за Лејкерси 🎥

Tимот на Милвоки го доби дербито со Далас во НБА лигата со 112:109, ова беше и дуел на кандидатите за МВП во лигата, Јанис Антетокумпо и Лука Дончиќ.

Јанис ја доби битката со Дончиќ и на индивидуален и на тимски план. Грчкиот кошаркар го заврши натпреварот со 31 поен, додека Дончиќ запиша 28 поени и 13 асистенции. Треба да се спомена дека Антетокумпо од линијата за слободни фрлања имаше катастрофални 1/10. Голем придонес во победата на Милвоки даде и Мидлтон кој во последните 150 секунди постигна осум од неговите 25 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен натпревар одиграа Оклахома и Чикаго кој на крајот заврши со резултат 127:125. Победникот се реши после едно продолжение. Домаќините имаа негатива од 22 поени во третата четвртина, но успеаа да се вратат. Големи заслуги за тоа имае Гилџес-Александар со 33 поени и 10 асистенции. Лавин кај Чикаго беше најефикасен со 35 поени.

Шампионот Лејкерси беше убедлив против Индијана со 112:95 и ова беше петти триумф во низа за Леброн и друштвото. Леброн мечот го заврши со 21 поен, 11 асистенции и девет скока, Ентони Дејвис во победата учествуваше со 17 поени и шест скока.

НБА РЕЗУЛАТИ: Милвоки – Далас 112:109, Бостон – Орландо 124:97, Кливленд – Њујорк 106:103, Оклахома – Чикаго 127:125 (пп), Јута – Аталанта 116:92, Лејкерси – Њу Орлеанс 112:95, Сакраменто – Клиперси 100:138.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…