Eкипата на Победа остана без тренер откако беше потврдено дека Јане Николовски повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб.
Причината за промената на клупата е слабиот старт на Победа во Втората лига каде што вчера беа поразени и од Башкими. Во седум кола прилепскиот клуб освои само четири бода и се наоѓа на 14-тата позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман. Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат.
Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати. Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, објави Победа.