Дома Македонски спорт Јаневски пред реваншот: Сакаме да го подобриме впечатокот

Јаневски пред реваншот: Сакаме да го подобриме впечатокот

Вардар утре во рамките од четвртото коло во Лигата на Европа игра натпревар на гостински терен против тимот на Реал Сосиедад.

Тренерот на црвено-црните, Чедомир Јаневски вечерва одржа прес конференција за медиумите на која зборуваше за своите очекувања од утрешниот натпревар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Пред нас се уште три натпревари, секако ова е тешко гостување знаеме против каков противник играме. Сепак, ние имаме желба да го поправиме впечатокот од првиот натпревар во кој бевме декласирани.  Како и што очекувавме нашиот противник во Скопје одигра натпревар со многу додавања, а сигурно дека и утре ќе се обидат да направат нешто слично“.

„Натпреварот во кој загубивме убедливо треба, да биде натпревар од кој мораме да извлеме поука и во овој реванш да се поставиме со подобра организација и да оставиме колку што е можно помалку простор“, изјави Јаневски.

Вардар на првиот натпревар во Скопје против Сосиедад запиша убедлив пораз од 0:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …