Дома Топ вести Јамал бара нов договор и повисока плата

Јамал бара нов договор и повисока плата

Ламин Јамал ​​ја предводеше Шпанија до шампионската титула на Европското првенство, а беше прогласен и за најдобар млад играч на турнирот во Германија. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговата цена драстично се зголеми и покажа дека е еден од најталентираните фудбалери во светот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Јамал, односно неговиот агент Жорге Мендеш, побарал од Барселона да го промени договорот на 17-годишниот Шпанец. 

Мендеш и неговиот клиент сметаат дека платата што ја има Јамал не одговара на неговиот квалитет. Младиот фудбалер на Барселона моментално заработува 32.000 евра неделно, што значи дека има годишна плата од 1,7 милиони евра.

Не е познато колкава плата бараат Јамал ​​и Мендеш од Барселона, но јасно е дека клупските челници ќе направат се за да ја задржат младата суперѕвезда на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос…