Алфонсо Дејвис, левиот бек на Бајерн и канадската репрезентација, принуден е да паузира поради сериозна повреда. На натпреварот од Лигата на нациите на КОНКАКАФ против САД мораше да биде заменет веќе во 12. минута поради повреда. Се покажа дека е една од најтешките повреди за еден спортист. Дејвис ги скина лигаментите во коленото, и за него не само што заврши оваа сезона, туку на терен ќе се врати дури кон крајот на септември. Односно, откако следната сезона веќе ќе биде во тек.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Така, Дејвис ќе ги пропушти завршницата на борбата за Бундеслигата, Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство. Нема да биде ни на подготовките за следната сезона, ниту на нејзиниот почеток. Баерн ќе мора сето тоа да го направи без незаменливиот играч.
Ова не е единствената лоша вест за Баерн. Уште еден нивен незаменлив играч, исто така дефанзивец, Дајот Упамекано, ќе ги пропушти натпреварите во следниот месец поради повреда на коленото.