Дома Фудбал Ѕвезди од Каталонија, соблекувална вака не се остава! (ФОТО)

Ѕвезди од Каталонија, соблекувална вака не се остава! (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона вчера потешко од очекувањата ја победија Славија Прага со 2:1 во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Славија одигра одличен натпревар и навистина блиску беа барем да останат непоразени. Сепак, Каталонците на крајот запишаа три бода.

Меѓутоа како што не блескаа на теренот, така не блескаа и во соблекувалната. Славија објави дека ѕвездите на Барселона оставиле голем неред во соблекувалната.

Тие истакнаа дека не очекувале такво нешто и сметале дека соблекувалната ќе ја дочекаат барем колку-толку уредна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од протести до врвот: Лацио сонува за приказна како на Лестер

Лацио нема пораз и со 29 бода по 11 кола го живее најдобриот старт во клупската историја. …