Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Тотенхем замина да служи воен рок

Ѕвездата на Тотенхем замина да служи воен рок

Медиумите од Англија пренесуваат дека Хеунг мин Сон ќе ја искористи паузата во фудбалот поради коронавирусот за да служи четири недели војска во родната Јужна Кореја.

Сон доби повик од морската флота во Јужмна Кореа и ќе помине четиринеделна воена подготовка, а со тоа ќе искористи паузата на првенството поради коронавирус.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем успеа да избегне служење на 21-месечен воен рок во 2018 година затоа што Јужна Кореја ја освои титулата шампион на Азија.

По закон во Јужна Кореја, пред 28 години мора да се оди на 21-месечна воена служба, но има исклучоци во случај да сте спортист и да сте донеле некој медал на својата држава.

Со оглед на тоа дека фудбалот во моментов е суспендиран поради пандемијата на коронавирус, Хеунг мин Сон сака да ја искористи паузата за да ја обави должноста.

Напаѓачот на премиерлигашот стигна во главниот град на татковината и сега мора да помине 14 дневнен карантин по што ќе почне неговата служба во војска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…