Дома Трансфер зона Ѕвездата на ПСЖ најави заминување: Не сум задоволен!

Ѕвездата на ПСЖ најави заминување: Не сум задоволен!

Анхел ди Марија не е задоволен од својот статус кој го има во Пари Сент Жермен и јавно го призна тоа.

Аргентинецот после синоќешниот натпревар против Стразбург, во кој беше еден од најдобрите изјави дека би сакал повече да игра.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


„Среќен сум во Париз, но не и со тоа како се одвива сезоната за мене. Би сакал повеќе да играм. Сепак, благодарен сум за минутите кои моментално ги добивам бидејќи успевам да докажам дека сум спремен да бидам во стартниот тим“, истакна Ди Марија.

„Правам се за да го докажам тоа, сакам да играм. Знам дека тренерот е тој кој носи одлуки. Вистина е дека кога некој не е задоволен од својот статус, тој мора да игра за да докаже дека заслужува место во стартниот тим“, додаде Аргентинецот.

Се очекува ПСЖ да продаде неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок, поради финансискиот фер-плеј, а еден од нив би можел да биде токму Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Галатасарај ја „краде“ големата желба на Јувентус

Галатасарај во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната, а најголема желба е дефан…