Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Наполи открива: Татко ми секогаш ми зборуваше за Марадона, а мој идол беше Роналдо

Ѕвездата на Наполи открива: Татко ми секогаш ми зборуваше за Марадона, а мој идол беше Роналдо

insigne

Еден од најважните фудбалери на Наполи во сезоната во која многумина веруваат дека можат да дојдат до титулата во Серија А после подолго време открива интересни детали од своето детство.

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње признава дека во неговото детство слушал многу приказни за Марадона, кога во прашање е фудбалот за него секогаш на првото место бил Роналдо.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Доколку Инсиње остане во Наполи до завршувањето на неговата кариера сигурно кај навивачите на Наполи ќе остане запаметен како икона на овој клуб.

Сега фудбалерот на Наполи открива дека во детството неговиот татко често пати му зборувал за Диего Армандо Марадона. Инсињо го почитувал она што Марадона го направил, но негов фудбалски идол бил Роналдо.

„Роналдо тогаш играше за Интер, клуб кој никој во Наполи не го сака, но знаевме дека Роналдо е еден од најдобрите во историјата. Сакам да му се извинам на мојот татко бидејќи сакав да ми купи копачки какви што Роналдо носеше на Светското првенство. Се сеќавам и денес на нив, „R9s“, сребрено сини…Беа неверојатно многу зборував за нив“.

„Веројатно во тие моменти сакаше да ме „убие“ бидејќи тој зборуваше само за Марадона. Растеше со неговите генијални потези. Сепак, не можев да го разберам бидејќи немав прилика да го видам како игра. За мене Роналдо беше и остана најдобар играч во историјата“, открива Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…