Пред два дена Барселона и официјално го потврди враќањето на Дани Алвес, а каталонските медиуми сега најавуваат дека Чави сака да врати уште еден поранешен играч.
Според весникот „Спорт“ Чави во клубот сака да го врати Тијаго Алкантара. Во овој момент Алкантара го носи дресот на Ливерпул каде што не му оди баш најдобро од трансферот од Баерн Минхен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона Алкантара ја напушти во 2013 година кога се пресели во Баерн и за клубот од Минхен собра повеќе од 100 настапи и стана еден од најдобрите фудбалери, посебно се истакна кога Гвардиола беше во Баерн.
Во Тијаго Чави гледа идеално решение за подобрување на играта во средината која е еден од проблемите на Барселона.