Само што се врат на терените после неколку месечната пауза, фудбалерот на Ливерпул Алекс-Окслејд Чемберлен повторно се повреди.
Алекс-Окслејд Чемберлен се здоби со скршеница пред година дена во мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Рома и на фудбалските терени го немаше 318 дена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега се врати и заигра за младата екипата на Ливерпул против Дерби во рамки на Премиер лига 2, но малерозниот фудбалер повторно се повреди.
Стручниот штаб и лекарскиот тим решиле да не ризикуваат со ровитиот фудбалер и го замениле, но се надеваат дека повредата не е сериозна.
Добрата вест е дека не станува збор за обновување на истата повреда, па не му следува долг период на рехабилитација. Сепак, Клоп не сака да ризикува, па тешко дека ќе го повика во следните месец дена.
Инаку, фудбалерот за врска се пресели во редовите на Ливерпул летото 2017-та година од Арсенал, а претходно го носеше и дресот на Саутемптон.