Дома Топ вести Ѕвездата на Ливерпул сака во Барса!?

Ѕвездата на Ливерпул сака во Барса!?

Шпанските медиуми тврдат дека ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо сака да се пресели во Барселона и може да тргне по стапките на Луис Суарез.

Барселона веќе подолго време е заинтерсирана за бразилскиот репрезентативец, а медиумите тврдат дека Кутињо сака по секоја цена да се пресели на „Камп Ноу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кутињо и оваа сезона игра извонредно во дресот на Ливерпул и е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, но неговата најголема желба е еден ден да заигра за Барселона.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека раководството на каталонскиот клуб следното лето ќе направи се за да го донесе Бразилецот во своите редови.

Кутињо неодамна го продолжи договорот со Ливерпул и „црвените“ не сакаат да слушнат за негова продажба, но слично беше и со Луис Суарез кој потпише нов договор со декември, а потоа во јули се пресели во Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…