Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Евертон: Фудбалот ме спаси од криминалот

Ѕвездата на Евертон: Фудбалот ме спаси од криминалот

Фудбалерот на Евертон Ричарлисон се потсети на тешкото детство кое го имаше и како што кажа самиот успехот кој го направи во кариерата не го променил.

Младиот 22 годишен играч минатото лето премина од Вотфорд во Евертон за 35 милиони фунти и со „Карамелите“ потпиша богат договор. Сепак и покрај парите останал цврсто на земја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не сакам да трошам пари на прескапи автомобили, инвестирам во недвижнини и слични работи за во иднина. На моите родители им купив стан, на баба ми и подарив куќа. Мојата сестра има три деца и нив им помагам околу образованието и здравствените услуги“.

„Другарите со кои некогаш играв фудбал на улица денес работат во супермаркет. Некои се и во затвор. Местото од кое доаѓам ги има сите предуслови да станете криминалец, но тука беше мојот вујко кој секогаш ме советуваше да продолжам со фудбалот и да се држам подалеку од нечисти работи, воедно тој е и полицаец. Фудбалот ме изнесе на вистински пат“, порача Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…