Турскиот репрезентативец, Арда Туран во јануари конечно би можел да ја напушти Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
30-годишниот офанзивен играч за врска ова лето стана вишок во тимот на Ернесто Валверде, но сепак се одлучи да остане на „Камп Ноу“. Тој моментално натпреварите ги гледа од трибините и ужива во богатиот договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, работите би можеле да се променат во јануари, бидејќи Арда Туран е спремен да ја напушти Барселона и да се врати во татковината.
Арда е вистинска легенда на Галатсарај и таму ги помина најубавите денови во кариерата, но медиумите тврдат дека е спремен да ја прифати понудата на големиот ривал, тимот на Фенербахче.
Со овој потег Арда сигурно ќе стекне статус на предавник, особено поради фактот што во текот на летото одби да се врати во Галатасарај и ја одби нивната понуда.