Дома Трансфер зона Ѕвездата на Барселона си заминува од клубот доколку пристигне Верати

Ѕвездата на Барселона си заминува од клубот доколку пристигне Верати

Колумните на каталонските медиуми во последно време најчесто се пополнети со вести во врска со Барселона.

Така е и денеска. Имено, интензивно се пишува за доаѓање на Марко Верати на „Камп Ноу“. Навивачите се воодушевени од оваа идеја, но играчите на Барселона се свесни дека ќе мора да дојде до ротација во тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпогоден, наводно е Иван Ракитиќ кој, според пишувањата на медиумите, веќе ги информирал лидерите дека ќе го напушти клубот доколку Марко Верати ова лето пристигне на „Камп Ноу“

Новиот тренер Валверде, Верати го гледа како идеална замена за Андрес Иниеста, но како што пренесуваат медиумите, со овој потег незадоволен би бил Иван Ракитиќ кој трансферот наводно го смета за сувишен.

Ернесто Валверде го означи играчот на ПСЖ како главна цен во летниот пазар, но преговорите се уште се во тек, бидејќи богатите Французи не се подготвени да ја пуштат една од најголемите ѕвезди на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …