Новите сопственици на Њукасл имаат големи планови за иднина и веќе почнаа да преговараат со ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Њукасл уште во зимскиот преоден рок е спремен да потроши 250 милиони евра на засилувања и испрати понуда до Дембеле која не се одбива.




Имено, Французинот влезе во последната година од договорот со Барселона и двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.




Њукасл наводно е спремен да го направи Дембеле најплатен играч во Премиер лигата. Французинот не ја исклучува можноста за таков трансфер и започнал преговори, а ќе добие и 15 милиони евра бонус при потпис.