Дома Трансфер зона Ѕвездата на Ајакс го бара половина Европа, а тој сака само во еден клуб!

Ѕвездата на Ајакс го бара половина Европа, а тој сака само во еден клуб!

Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт важи за еден од најталентираните и најквалитетните дефанзивци во светот.

Иако има само 19 години, Де Лихт е веќе стандарден и во холандската репрезентација, па за неговиот потпис буквално се „тепаат“ европските гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Де Лихт на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ајакс, па иако има голем број на понуди, младиот стопер му порачал на својот агент дека сака трансфер само во Барселона.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барса веќе ги започнала преговорите со неговиот агент Мино Раиола, и е спремна да плати 70 милиони евра за да го донесе на „Камп Ноу“.

Интерес за Де Лихт покажуваат уште ПСЖ, Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Јунајтед, клубови кои се спрмени да му понудат и подобри финансиски услови, но младиот Холанѓанец веќе ја донел својата одлука.

Сега останува уште Барселона и Ајакс да се договорат околку отштетата, но тоа не би требало да биде проблем со оглед на добрите односи на двата клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…