Во Зворник, Босна и Херцеговина, Димитар Ѓорѓиев вечерва се бореше за титулата во „WAKO PRO” во категоријат до 81.4 килограми. Противник на Ѓорѓиев беше домашниот натпреварувач Никола Дробњак.
Салата во Зворник беше преполна, а токму борбата на Ѓорѓиев беше главната на вечерта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Moтивирн од домашната публика Дробњак влезе агресивно од самиот старт на борбата. Тешко успеваше Ѓорѓиев да му напрви проблеми. Посебно тешка за Ѓорѓиев беше третата рунда кога еднаш падна и на подот и доби неколку тешки удари.
Иако успеа да ја издржи таа рунда сепак и понатму Дробњак ја контролираште борбата. Со оглед на тоа што добро знаеше и Дробњак дека беше подобар во текот н борбт во претпоследната рунда во поголемиот дел се бранеше од удрите на Ѓорѓиев.
Се влезе во последната, петта рунда во која Ѓорѓиев мораше да тргне на се и или ништо. Со своето искуство домашниот борец не дозволи изенандување и ја приведе борбата кон крај, а славеше со резултат 3:0.
Оваа вечер се бореше и уште еден Македонец, Бобан Илиоски кој однесе победа со нокаут против Хрватот Борна Манојловиќ.
Ѓорѓиев против Дробњк се бореше и летово на Светското првенство вов Италија каде што македонскиот борец ја освои титулата светски шампион, таа борба ѓорѓиев ја доби со 3:0.