Дома Македонски спорт Мак ракомет Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот

Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот

После само четири месеци од како стратуваше проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, наменет за деца од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир на децата од школите кои ги опфаќа проектот во Велес, Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола. Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во С.Ц “Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.

_ „Проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акомулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надоградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Викендов кој помина се одигра првиот пред новогодишен турнир, кој беше поделен на два дела, за деца кои родени 2012 и помали кои го практикуваат т.н мини ракомет и деца родени 2010/11 кои своите натпревари ги играа на терен со регуларни димензии. Во секој случај едно убаво искуство за секое од нив, дружење, забава и натпреварување. Во иднина, школата ќе продолжи со активности во овој сегмент и ќе организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови.

Посебно сум горд и благодарен на родителите кои од самиот старат не поддржуваат, на тренерите кои работат секојдневно со децата, на моите соработници кои се дадоа целосно во проектот и секако на партенерите на проектот, без кои истиот не би функционирал на нивото на кое е предвидено. Ова e млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење“. – Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.

По завршувањето на официјалниот дел и натпреварите во двете категории, балгодарение на своите партнери и пријатели секое дете доби пактече од страна на организаторот со најубави желби во новата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…