Македонија во четврток ќе го игра натпреварот против Грузија кој може да ни донесе историски пласман на Европското првенство идното лето.
Пред овој натпревар во онлајн емисијата на Фудбалската Федерација на Македонија „Сега е наше време“ гостин беше легендарниот Ѓорги Христов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Христов ова е најдобра генерација која ја имала Македонија.
„Во изминатите речиси три децении, ниту една наша генерација македонски фудбалери не била близу до Европско првенство и ова е потврда дека овие момци се најдобри“, изјави помеѓу другото Христов.
Во продолжение погледнете го целиот разговор на Христов: