Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата, без разлика дали тоа ви се допаѓа“

„Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата, без разлика дали тоа ви се допаѓа“

Поранешната австриска тенисерка Барбара Шет верува дека Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде најдобар играч во историјата, зашто ќе го урне рекордот по број на освоени гренслем-турнири.

Ѓоковиќ сезонава ги освои Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а на Ју-Ес опен ќе се обиде да ги комплетира сите трофеи од гренслем-турнирите. Последен на кој му успеа тоа е Род Лејвер во 1969 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот ќе се обиде да го урне и рекордот по број на освоени титули, а засега се израмнети со Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата. Без разлика дали ви се допаѓа или не. Ако го освои Ју-Есс Опен ќе има најмногу гренслем-титули. Мислам дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден трофеј, а тешко дека ќе му успее такво нешто и на Надал“, изјави поранешната тенисерка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …