Како што самиот најави, Енди Мари наскоро ќе прости од професионалниот тенис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мари откри дека поради големи болки не може да игра на нивото какво што посакува. Причина е повредата на колкот, која го мачи во последните две години.
После неговата објава се огласи и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Тоа е шокантно бидејќи сме иста година, иста генерација. Тажно е да се гледа низ што поминува. Како некој кој помина тежок период се сочуствувам со него и разбирам низ што поминува. Тренирав со него пред неколку дена и малку зборувавме. Тој е голем шампион и мој пријател со кој растев. Тажно е што можеби го игра последниот Австралија Опен. Благодарен сум за многу работи во животот“, изјави Новак.