Дома Останати Тенис Ѓоковиќ си ја отвори душата: Да не сум од Србија одамна ќе ме прогласевте за најдобар на сите времиња

Ѓоковиќ си ја отвори душата: Да не сум од Србија одамна ќе ме прогласевте за најдобар на сите времиња

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои четвртиот УС Опен и со тоа стигна до 24. Грен слем во кариерата, со што уште еднаш истакна дека е најдобриот тенисер на сите времиња.

Тој одамна ги собори рекордите на Роџер Федерер, потоа големиот ривал Рафаел Надал, па дури и кога „измислија нова категорија“, како што се титулите на Маргарет Корт, која освоила половина од нејзините 24 Грен слемови пред опен ерата, Ноле е тука да покаже дека го може и тоа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Затоа не треба ни да се расправа дали е најдобар тенисер на сите времиња, туку дали Ѓоковиќ сега е најдобар спортист?

Новак Ѓоковиќ беше запрашан дали е најголемиот спортист на сите времиња и имаше многу оригинален одговор.

„Оставам на вас и на другите да процените дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Факт е дека да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат до небото. Посебно во западниот свет. Тоа е дел од моето животно патување, благодарен сум што сум од Србија, тоа ми дава сила и верба. Вие пишете го она што мислите. ..“, рече Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…