Дома Останати Ѓоковиќ се уште не донел одлука за настап на Австралија Опен!

Ѓоковиќ се уште не донел одлука за настап на Австралија Опен!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ ќе учествува на два егзибициски турнири во Мелбурн пред да донесе конечна одлука за настап на Австралија Опен.

Ѓоковиќ поради повреда на лактот отсуствуваше од терените цели шест месеци, а поради болки во лактот го откажа и учеството во Абу Даби, па така враќањето го одложи за Мелбурн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Новак ќе отпатува за Австралија каде ќе учествува на два турнири од егзибициски карактер. После тоа ќе биде донесена и конечна одлука за настап на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија Опен, каде Ѓоковиќ има шест титули“, стои во соопштението за јавноста.

Покрај Ѓоковиќ на овогодишеншниот „Кујонг Класик“ од 10-ти до 12-ти јануари ќе учествуваат уште Давид Гофан, Доминик Тим, Марин Чилиќ, Пабло Карењо-Буста и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…