Новак Ѓокоиќ по вчерашнтата титула на Ролан Гарос се врати на врвот на АТП листата, а сега е и тенисерот со најмногу грен-слем титули.
Српскиот тенисер има 23 титули од грен-слем турнирите и зад него со еден помалку остана Рафаел Надал. Освен што падна на оваа вечна листа, Надал доживеа и уште едно разочарување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Надал за првпат во последните дваесетина година не е помеѓу најдобрите 100 тенисери во светот.
Во овој момент Надал е дури 136-ти тенисер на АТП листата, последен пат не беше во топ 100 во април 2003 година. На своето конто Надал има 445 поени, 180 од УС Опен, 45 од Австралија опен и по 10 од Мастерсот во Париз, Синсинати и АТП финалето.
Како што стојат работите доаѓа крајот и на уште една голема кариера, откако минатата година се повлече Роџер Федерер.