Новак Ѓоковиќ околу 12 часот слета во Белград после сагата во Мелбурн, српскиот тенисер од Австралија се упати за Дубаи, а од таму пристигна во Србија.
Српските медиуми и навивачи спремија дочека за Ѓоковиќ. Навивачите пеаа и го скандираа неговото име, но Новак не се појави пред нив туку само си замина. Според некои информации тој веднаш оди за Шпанија во Марбеља каде што е неговото семејство, додека пак некои медиуми пренесуваат дека ќе остане во неговиот стан во Белград.
Novak je sleteo u Beograd! pic.twitter.com/J9u3h5SSvr
— Balkan Sports (@BalkanSports) January 17, 2022
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите од таборот на Ѓоковиќ се дека српскиот тенисер нема да се огласува додека првиот гренслем не заврши.