Новак Ѓоковиќ денеска беше поразен во полуфиналето на Австралија Опен од Јаник Синер и за најдобриот светски тенисер ова е прв поразво Мелбурн по шест години.
По мечот Ѓоковиќ истакна дека е изненаден од својата лоша игра, меѓутоа потенцираше дека ова не е пчетокот на неговиот крај, иако веќе има 37 години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакам да му честитам на Синер за одличниот турнир, сосема заслужено е во финалето бидејќи беше подобар. Јас сум шокиран од начинот на кој играв денес, не бев на потребното ниво. Ова е еден од моите најлоши мечеви на грен-слем турнирите. Но, ќе бидам искрен и ќе кажам дека целиот турнир не играв ниту блиску до она што можам. Можеби против Монарино, но во главно не бев на нивото на кое можам да бидам тука.
Синер ме изненаден, меѓутоа не мислев дека ќе бидам толку лош во првите два сета. И понатаму имам надеж за останатите големи турнири. Сезоната само што започна, не сум навикнат на ова чувство, никогаш не сум изгубил полуфинале тука…Тоа што сега не бев на моето ниво, не значи дека е почетокот на мојот крај“, изјави Ѓоковиќ.
Ќе потсетиме, Синер го победи Ѓоковиќ и пред неколку месеци на завршниот мастерс во Торино, таму Италијанецот беше подобар во групите, а Ѓоковиќ му се реваншираше во финалето.