Дома Останати Тенис Ѓоковиќ постави неверојатен рекорд

Ѓоковиќ постави неверојатен рекорд

НОВАК ЃОКОВИЌ го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:2 во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати и испиша историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот тенисер со оваа победа стигна до неверојатни 19:0 во мечевите со Монфис, што е нов АТП рекорд.

Досега рекордот го делеше со Рафаел Надал, кој има 18:0 против Ришар Гаске, уште еден Французин.

Бјорн Борг против Витас Герулаитис, Роџер Федерер против Давид Ферер и Михаил Јужни и Иван Лендл против Тим Мајот имаа по 17:0.

За полуфиналето Ѓоковиќ ќе се бори против локалниот играч Тејлор Фриц, кој се пласираше во четвртфиналето откако Душан Лајовиќ се предаде кога Фриц водеше со 5:0 во првиот сет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…