Прва победа на српскиот тенисер оваа сезона! Закажан е дуел со Надал!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим откако го совлада Кеи Нишикори после голема борба и пресврт 2:6, 6:1 и 6:3!
Србинот не започна добро, изгледаше дека Новак ќе го загуби овој меч. Нишикори поведе со 4:1 со два брејка и лесно го приведе првиот сет кон крајот.
Потоа Ѓоковиќ како да експлодираше! Започна многу подобро во вториот сет имаше предност од 4:0, го доби сетот со 6:1 и можеше да се забележи дека е максимално мотивиран.
Во третиот сет Ѓоковиќ стигна до предност од 2:1 со еден брејк, но Нишикори веднаш возврати, егал беше се до седмиот гејм од третиот сет кога Србинот направи нов брејк и стигна до предност од 3:4. Набрзо поведе и со 3:5 во можеби одлувачкиот гејм во кој Новак спаси една брејк топка.
Веќе во следниот видовме нов брејк на Ѓоковиќ за меч против Рафаел Надал после повеќе од една година.