Дома Тенис Ѓоковиќ: Ова мораше да се случи, одев со главата во ѕид!

Ѓоковиќ: Ова мораше да се случи, одев со главата во ѕид!

Новак Ѓоковиќ пред една година беше најдоминантниот играч во светот на тенисот, а денес е само четврти на АТП листата. Од освојувањето на Роланд Гарос минатата година почна падот на српскиот тенисер.

„Се мачам со формата, никогаш не сум бил во ваква ситуација. Доживеав многу подеми, но ова е првпат во кариерата да не можам да освојам турнир цели седум месеци. Свесен сум дека не играм на нивото на кое можам да играм, но морам да останам позитивен. Некогаш и ова мораше да се случи“, изјави Ѓоковиќ.

Тој смета дека одморот кој го зеде по елиминацијата во четвртфиналето на Ролан Гарос му бил неопходен.

„Веќе немам 20 години, од година во година работите се менуваат. Одев со главата низ ѕид неколкупати, бев полн со самодоверба и не ги регистрирав сигналите што ми ги испраќаа тело и умот. Ми беше потребен одмор“, заклучи Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Грбот го мачи Ѓоковиќ во Париз: Амановиќ интервенираше уште на првиот тренинг

Новак Ѓоковиќ доби третман на долниот дел од грбот пред настапот во Париз, каде што му е п…