Дома Останати Тенис Ѓоковиќ најави дека заминува на подолга пауза

Ѓоковиќ најави дека заминува на подолга пауза

djokovic

Новак Ѓоковиќ го предаде мечот против Бердих во четвртфиналната фаза на Вимблдон, по што изјави дека сигурно го очекува подолга пауза од тенисот.

„Рекоа дека постои можност можеби и да предложат операција, но додека реагирам на антифламаторните лекови тоа е добро. Јас не мислам дека тоа е добро. Дали некој сече со оперативна опрема или се трујам со пилули, мене исто ми доаѓа“, истакна разочараниот Ѓоковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во секој случај ниту едното ниту пак, другото решение не се баш најдобри, но она што сега е логично решение е дека тоа е некој вид одмор, подолга пауза. Тоа е нешто што го земав предвид во последно време повеќе пати“, додаде Србинот.

„Не е во прашање рамото, како што некои медиуми пишуваа, туку лактот кој ме мачи од мал. Се обидов да се доведам до стадиум да играм, пред мечот минав 2,5 часа со тимот за да го поправат тоа, но не одеше. Половина час играв со неподосливи болки“, истакна Ноле на конференцијата за медиумите.

Според неговите зборови тој ќе разговара со лекарскиот тим, за заеднички да пронајдат долгорочно решение.

„Тоа што играв ден за ден никако не ми помогна, но тоа е ситуација која морав да ја прифатам. Секако спортистите тешко прифаќаат да се предадат. Особено ако добро играат, а јас играв најдобро во последните 10 месеци. Јасно е дека ќе морам да го менувам распоредот на турнирите“, истакна за крај српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…