Дома Останати Тенис Ѓоковиќ направи нешто што не му успеало на никого претходно

Ѓоковиќ направи нешто што не му успеало на никого претходно

djokovic

Новак Ѓоковиќ зад себе има фантастична година и неверојатно враќање после тешката повреда, па поради тоа со право се поставува прашањето дали е најдобриот тенисер на сите времиња.

Легендарниот тенисер Ричард Крајчек нема дилеми.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ако ги гледате резултатите и тоа колку долго е во светскиот врв би кажале Федерер. Но, кога играат на највисоко ниво Новак е подобар бидејќи го победуваше повеќе пати. Кога Новак ја игра својот игра тој е непобедлив, имаше две или три неверојатни години“.

„Од друга страна, Роџер е тука веќе 20 години констатно, но кога се ќе се погледне Новак истовремено беше шампион на сите четири Грен Слема, нешто што никогаш не им успеа на Рафа и Федерер“, смета Холанѓанецот.

Крајчек за најдобар меч го избра оној во полуфиналето на Вимблдон помеѓу Новак и Надал.

„Враќањето на Новак и неговата доминација во машкиот тенис е нешто најдобро што му се случило на овој спорт оваа сезона. Полуфиналето помеѓу Ѓоковиќ и Надал на Вимблдон беше се што можеме да посакаме“, заврши Крајчек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…