Дома Останати Тенис Ѓоковиќ лошо стартуваше, па го збриша Нори за финале на Вимблдон!

Ѓоковиќ лошо стартуваше, па го збриша Нори за финале на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон откако во денешното полуфинале го совлада Британецот Камерон Нори со 3:1 во сетови (2:6, 6:3, 6:2 и 6:4).

Ѓоковиќ имаше слабо влегување во мечот. а Нори тоа го искористи и го освои првиот сет со 6:2. Меѓутоа потоа следуваше будење на српскиот тенисер. Во вториот сет лесно освојуваше поени на свој сервис и констатно го напаѓаше сервисот на Британецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Ѓоковиќ тоа му се исплатеш е во осмиот гем. Направи брејк, а потоа сигурно сервираше за 6:3 и изедначување на 1:1. Доминантно Ѓоковиќ го освои третиот сет. Нори немаше одговор за ваквата игра на Ѓоковиќ и за само 38 минути го освои сетот и поведе со 2:1.

Експресно Ѓоковиќ ја заврши работата и во четвртиот сет. Веднаш направи брејк и лесно ја чуваше предноста за конечни 3:1 во сетови.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Ник Кирјос кој без борба се пласираше во финалето поради повредата на Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…