Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и Надал ја осудија одлуката на Вимблдон да се суспендираат руските и белоруските тенисери

Ѓоковиќ и Надал ја осудија одлуката на Вимблдон да се суспендираат руските и белоруските тенисери

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ја критикуваа одлуката на Вимблдон за суспензија на руските и белоруските тенисери.

Новинарите ги интересираше и дали Ѓоковиќ имал прилика да разговарал со некој од тенисерите од овие две земји после донесената одлука. Српскиот тенисер смета дека и на луѓето во АТП не им е лесно да носат одлуки под притисок.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Разговарав со Руси во Белград, ситуацијата не е лесна. АТП сигурно ќе види што може да се направи, одлуката на Вимблдон според мене дефинитивно не е коректна и не е фер, во никој случај не ја поддржувам“, порача Ѓоковиќ.

Иако во претходниот период често пати имаа различни ставови овој пат и Надал има слично размислување како Ѓоковиќ.

„Ваквата одлука не е фер за моите колеги од Русија и Белорусија. Тенисерите не се за ништо виновни од тоа што се случува во Украина“, порача Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…