Дома Останати Тенис Ѓоковиќ изненадувачки загуби од Колшајбер и го искрши рекетот (ВИДЕО)

Ѓоковиќ изненадувачки загуби од Колшајбер и го искрши рекетот (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби од Филип Колшајбер на Индијан Велс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Српскиот тенисер направи пауза после титулата на Австралија Опен и на првиот АТП Мастерс не стигна максимално подготвен.

Германскиот тенисер го победи првиот фаворит за титулата победувајќи го со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

Ова беше прва победа за Колшајбер по цели 10 години. Новак не беше на своето ниво во овој натпревар и правеше многу грешки, а во еден момент покрај лошата игра ја демонстрираше неровозата со тоа што го искрши рекетот удирајќи го неколку пати од ногата.

Ќе потсетиме претходно елиминиран од Индијан Велс беше и третиот тенисер на АТП листата Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…