После соработка од 15 години се разделија Новак Ѓоковиќ и Марјан Вајда.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште по завршувањето на ланската АТП завршница во Торино беше договорено Ѓоковиќ и Вајда да стават крај на соработката. Потврда за прекинувањето на соработката пристигна во текот на вчерашниот ден.




„Марјан со мене беше во најважните и незаборавни моменти во кариерата. Заедно постигнавме многу неверојатни работи и многу сум благодарен за неговото пријателство и посветеност во изминатите 15 години. Го напушташ мојот тим, но секогаш ќе останеш дел од моето семејство. Не можам да ти се заблагодарам за се што направи за мене“, изјави Новак.