Вчерашниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер беше посебно интересен што на трибините се појави Кристиано Роналдо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна завршниот Мастерс во Лондон бидејќи вчера славеше со Американецот Џон Иснер со 6:4, 6:3.
Ѓоковиќ до деветата победа против Иснер во 11-тиот меѓусебен дуел стигна после само еден час и 14 минути игра.
Новак после мечот го прокоментира присуството на фудбалерот на Јувентус.
„Вечерва на себе ги имав боите за клубот за кој навива, сигурен сум дека е среќен поради тоа. Одлично е да се има голема фудбалска ѕвезда како него на тениските мечеви. Во Мадрид често доаѓаше присуствуваше“, изјави Ѓоковиќ кој е деклариран навивач на Милан.
Ѓоковиќ завршниот Мастерс го продолжува во среда, а Кристиано Роналдо користи мал одмор поради репрезентативната пауза, после што ќе се врати на обврските кон клубот.